logo
logo
logo

Од Америка до Европа за само 5 часа?

Vecer | 18.08.2022

Од Америка до Европа за само 5 часа?

„Американ ерлајнс“ се согласи да купи до 20 суперсонични авиони и да стави неповратен депозит на авионите, кои се уште се во изградба и кои со години се оделени од летање.

Ниту авиокомпанијата, ниту производителот, Boom Supersonic, не дадоа финансиски детали, вклучувајќи го и износот на американскиот депозит.

Американ ерлајнс, кој исто така презеде опции за уште 40 авиони Boom Overture, станува вториот американски купувач за Boom по слична најава минатата година на United Airlines за 15 авиони, пишува US News, како што пренесува Chicago Herald.

Поминаа речиси 20 години од последниот суперсоничен патнички лет на Конкорд, британско-француски патнички авион кој не успеа поради високите трошоци - и за патниците и за авиокомпаниите.

Суперсоничните авиони на Boom се дизајнирани да превезуваат од 65 до 80 патници и да летаат повеќе од 600 рути низ светот, за половина од времето.

Фото: Шутер

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk