logo
logo
logo

Нови цени на горивата кои ќе важат од полноќ

Vecer | 17.05.2022

Нови цени на горивата кои ќе важат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги вчера донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 12.05.2022 година. Веќе од полноќ дел од горивата се продаваат по повисоки цени. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,258 ден/кг и сега ќе изнесува 52,436 ден/кг. Ова се актуелните цени на горивата: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 92,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 94,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 84,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 52,436 (денари/килограм)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk