logo
logo
logo

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ

Vecer | 10.07.2024

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ

Цените на становите во Скопје во вториот квартал од годинава поскапеле за 11,5 проценти на годишно ниво, а поскапување од 8,2 проценти се бележи и во однос на претходниот квартал, покажува Индексот на цени на станови на Народната банка.

Во првиот квартал од годинава, цените бележеа поскапување од 4,7 проценти на годишно ниво и пад од 0,8 проценти што беше прво минимално квартално намалување по подолг период откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година.

Според податоците од Народната банка, во последното тримесечје од 2023 година становите поскапеа за еден процент во однос на третото тримесечје, а на годишно ниво за 6,9 проценти. Во првиот квартал лани цените на становите биле зголемени за 18,9 проценти на годишно ниво, односно за 1,4 проценти на квартално ниво. Во второто тримесечје имало зголемување од 13 проценти на годишно ниво и 1,6 проценти на квартално ниво, а во третото тримесечје за 11 проценти на годишно ниво и за 2,9 проценти на месечно ниво. Во четвртиот квартал зголемувањето било 6,9 проценти на годишно и еден процент на квартално ниво.

Индексот на цените на становите е направен врз основа на податоците што се однесуваат на огласени станови за продажба на територија на град Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk