logo
logo
logo

Прекин на мобилната телефонија низ САД

Vecer | 22.02.2024

Прекин на мобилната телефонија низ САД

Утрово ширум Соединетите Американски Држави дошло до голем прекин во работењето на мобилната телефонија поради што некои полициски сектори биле оневозможени да примаат итни повици.

Според податоците на онлајн платформата Down Detektor, која на корисниците им обезбедува информации за статусот на различни услуги во реално време, најголем број проблеми со перикидите доживеал телекомуникацискиот оператор AT&T, кој примил речиси 32.000 поплаки околу 4:30 часот. наутро.

Повеќе од 800 прекини на услуги беа пријавени и кај операторите T-Mobile и Verizon, а имаше и проблеми кај помалите оператори како Boost Mobile, Consumer Cellular и Straight Talk Wireless, објави Њујорк пост.

Би-Би-Си објави дека корисниците рекле дека нивните телефони прикажуваат СОС-порака, поради што не можат да остваруваат повици или да пристапуваат до услугите.

Се уште не е позната причината за крахот.

AT&T одговори на поплаките на клиентите преку интернет, додека Verizon рече дека неговата мрежа работи нормално, како и T-Mobil, кој додаде дека клиентите може да имаат проблеми со појдовните повици кон друга мрежа.

Фото: Шутер

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk