logo
logo
logo

Независната угостителска комора (НУК) со барање до Владата

Vecer | 10.05.2021

Независната угостителска комора (НУК) со барање до Владата

Независната угостителска комора утринава доставила псимено барање до Премиерот, Генералниот секретаријат и Министерствата за финансии и економија за измена на јавниот повик за финансиска поддршка на угостителите регистрирани со шифри на приоритетна дејност 56.10, 56.29, 56.30 со цел да бидат опфатени сите угостители на кои со владината одлука од 5 април им беше забрането да работат.

– На Владата сакаме да укажеме дека финансиска помош мора да има за сите угостители на кои им беше забрането да работат со одлуката на Влада од 5-ти април 2021 година, Владата не смее да дозволи поради техничка грешка, едни угостители да добијат финансиска поддршка други не, само затоа што немаат соодветна приоритетна шифра на дејност, се наведува во денешното соопштение од НУК.

„Доставено е барање со иницијатива за промена, исправка и дополнување на шифри на дејност кон јавен повик за пријава на финансиска поддршка од 6-тиот сет мерки за угостителите кои беа затворени со одлука на Влада. На Владата сакаме да укажеме дека финансиска помош мора да има за сите угостители на кои им беше забрането да работат со одлуката на влада од 5-ти април 2021 година, Владата не смее да дозволи поради техничка грешка едни угостители да добијат финансиска поддршка други не само затоа што немаат соодветна приоритетна шифра на дејност, стои во соопштението

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk