logo
logo
logo

Професор Васил Шаревски од Машинскиот факултет

"Неможно е домаќинствата да влезат во блокот 1 со најевтина струја"

Vecer | 04.07.2022

"Неможно е домаќинствата да влезат во блокот 1 со најевтина струја"

„Поделбата на блокови за потрошувачка на струја, според кои ќе се утврдува цената за потрошен киловат час, во пракса ќе покаже дека е речиси неможно едно четиричлено семејство да ги задоволи сите потреби во текот на еден месец, а да потроши по 210 киловатчасови месечно електрична енергија и да влезе во првиот тарифен блок, во кој се очекува цената ќе биде најприфатлива и најниска за најголем дел од семејствата.“ – објави весникот Нова Македонија.

„До ваков заклучок доаѓа професор Васил Шаревски од Машинскиот факултет, чиј научен интерес е термотехника и термоенергетика. Тој изготви анализа, во која се гледа дека едно четиричлено семејство користејќи ги сите апарати во домаќинството за еден месец ќе потроши многу повеќе електрична енергија.“

„Потрошувачите ќе бидат во Блок 2 или во Блок 3. Граѓаните ова ќе го констатираат со сметките за месец jули. Пресметката покажува дека вкупната потрошувачка на четиричлено семејство на ден е 27 киловатчасови, односно 810 месечно. Податоците за капацитетот на електричните уреди се дадени на секој од нив и можат да се прочитаат, па граѓаните можат сами да пресметаат колку електрична енергија ќе потрошат во текот на еден месец, а со тоа и да видат каде можат да заштедат.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk