logo
logo
logo

Навивај од срце, штеди со разум! Стопанска банка а.д. Битола со промотивна кампања за време на ЕП 2021

Vecer | 15.06.2021

Навивај од срце, штеди со разум! Стопанска банка а.д. Битола со промотивна кампања за време на ЕП 2021

Навивај од срце, штеди со разум, е промотивна кампања за време на Европското првенство во фудбал која ја организира Стопанска банка а.д. Битола.

Во пресрет на Европското првенство во фудбал, кога фудбалската еуфорија се чувствува повеќе од било кога, Стопанска банка а.д. Битола воведува промотивен период за орочување на средства со најповолни, фиксни каматни стапки.

Промотивните услови за орочување започнуваат и траат во периодот како и Европското првенство во фудбал од 11.06.2021 до 11.07.2021 година. Во овој период, во духот на Европското првенство, добивате ПОДАРОК за секој орочен депозит над 500 евра на 25 или 36 месеци со фиксна каматна стапка.

Каматната стапка за орочување на средства на 25 месеци е фиксна и на годишно ниво изнесува 1,50%, додека на 36 месеци каматната стапка е исто така фиксна и изнесува 2%.

Повеќе информации за промотивната кампања можете да најдете тука

Навивајте безусловно и штедете со најдобри услови во Стопанска банка а.д. Битола!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk