logo
logo
logo

Наместо граѓаните оданочете ги банките

Vecer | 09.08.2022

Наместо граѓаните оданочете ги банките

Поранешниот пратеник Зоран Витанов на социјалните мрежи објави статус со предлог-мерка како Владата да ги обезбеди потребните средства, а при тоа да не биде на грбот на граѓаните. Во продолжение неговиот став Владата планира зголемување на даноците? Да им дадам предлог: банкарскиот сектор во Македонија остварува цирка 150 милиони евра годишен нето профит. Ако нив ги оданочи со прогресивен данок на добивка од 33%, ете им ги посакуваните 50 милиони евра во буџетот. Оставете ги граѓаните и МСП секторот на раат, престанете да ги оданочувате оние кои чесно ГИ ПРИЈАВУВААТ своите приходи и профити! Ако не разбирате економија – прашајте! Не е грев да не разбираш, грев е ДА НОСИШ ОДЛУКИ кога не разбираш! – порачува Витанов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk