Културата на брз раст, постојната надградба и фокусот на личниот развој се трите столбови на организациската поставеност во Scalefocus. Компанијата силно верува дека секој може уште да учи и да расте во својот кариерен пат, без разлика каде се наоѓа на скалата на успехот.

Следејќи ги новите трендови, од минатата година, Scalefocus ја активираше политиката на „Work from Everywhere“. Новото време е проследено со многу патувања и со промена на локацијата на работење. Секако, тоа повеќе не е предизвик за ИТ професионалците од Scalefocus. Со можноста за работа од каде било, веќе не е задолжително да се доаѓа во канцеларија. Компанијата отвори многу функционални канцеларии како важен дел од функционирањето, но реши да ги користи на пофлексибилен начин, што е одлично прифатено од вработените.

„За дополнително да ги мотивираме кандидатите, за одредени позиции објавуваме бонус за потпишување договор во вредност до 4.000 евра. Можноста ќе биде активна до крајот на месец јуни. Затоа, побрзајте и придружете се на патот за постојан развој“, вели Горан Стојановски, одговорно техничко лице на Scalefocus, Скопје.

Во компанијата постојат многу можности за развој и за споделување на знаењата. Затоа што, како што објаснува Ѓоко Костадинов, Principal Software Engineer „Scalefocus нуди многу можности за професионален развој. Секој човек е одговорен за својот раст, но компанијата го стимулира личниот развој со организирани предавања и можности за едукација на најпознатите едукативни платформи. Темпото на развој, се разбира, зависи од секој поединец.“

Костадинов додава дека за стабилноста на компанијата не е доволно таа само да се фокусира на развојот на своите луѓе. „Односно, потребно е да се сподели знаењето кое се генерира внатре во компанијата преку работа на проекти со целата ИТ заедница. На тој начин, ја подобруваме состојбата во ИТ секторот во целиот регион и сите компании имаат поквалитетни кадри на располагање. Во минатиов период одржавме серија од on-line настани и планираме да продолжиме со исто темпо во иднина“.

Со ова се сложува и Ивица Мицев, менаџер на DevOps и Data технологиите, кој вели дека најголем дел од колегите на менаџерски позиции се изградени од капацитетите на компанијата. „Секој има право да го избере сопствениот кариерен пат и ние како компанија тоа го поддржуваме со постојана евалуација и совети за лична надградба. Но, активно придонесуваме и кон развојот на ИТ заедницата во регионот. Наши колеги се водачи на неколку клучни заедници во Македонија и на тој начин го подобруваме капацитетот и квалитетот на нашите ИТ професионалци“, додава Мицев.

Компаниите на 21 век размислуваат и за можноста секој вработен да ги искористи своите флексибилни бенефити, но и за општествената одговорност.

„Scalefocus се грижи за своите луѓе. Една од основните придобивки на секој вработен е можноста за флексибилни бенефити. Очигледно, секој од нас е различен и има различни потреби. Поради тоа, Scalefocus ни овозможува сами да избираме, па дури и да предлагаме дополнителни бенефити соодветно на нашите потреби. Дополнително, преку програмата Spirit of Scale учествуваме во различни иницијативи и активности за подобрување на работната атмосфера интерно во компанијата, но и во граѓански иницијативи за подобрување на заедницата во која живееме. Редовно се приклучуваме на локални акции за помош и поддршка како поединци, но и како компанија, бидејќи околината во која живееме е навистина важна за нас“, вели Александра Шумкоска – Software Engineer/Spirit of Scale Ambassador во Scalefocus.

Повеќе информации за можноста за sign-on бонус може да најдете на следниот сајт: https://www.scalefocus.com/careers-northmacedonia

(ПР)

makfax.com.mk