logo
logo
logo

ММА ја поддржа Владата да се смени законот за кампањи од јавен интерес

Vecer | 21.02.2021

ММА ја поддржа Владата да се смени законот за кампањи од јавен интерес

Македонската медиумска асоцијација на националните терестријални телевизии, земајќи го во предвид речиси едногодишното живеење и работење во услови на светска пандемија, информира дека ја подржува Владата во однос на нивната иницијатива, за измена на членот 102 од актуелниот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во кој се забранува какво било користење на буџетски средства за какво било информирање преку приватните радиодифузери.

– Земајќи ја во предвид позитивната европска пракса, која дозволува и препорачува емитување на непартиски кампањи од исклучителен јавен интерес, како што се на пример кампањите за заштитните мерки од Ковид-19, во смисол држење дистанца, носење на маски и слично, сметаме дека како европската, така и домашната јавност мора на вистинит, но и навремен начин да биде информирана за теми и прашања од исклучителен јавен интерес кои имаат директен ефект врз македонските граѓани како на пример: антикорупција, борба против дезинформации и лажни вести, интеграција на земјата во ЕУ, борба за чист воздух и друго, се вели во известувањето од ММА.

Асоцијацијата на национални терестријални телевизии, се вели во известувањето, бара од Владата да подготви предлог измена на членот 102, кој истиот потоа ќе го достави до Собранието, по што очекуваат законодавниот дом да ја обезбеди посочената измена предложена од Владата.

– Бенефитот на ваквите кампањи треба и мора да го почуствуваме сите, независно на етничка, верска или политичка припадност, и најважно, нашите сограѓани заслужуваат да добијат едукација, но и вистинска, а не лажна и при тоа навремена, а не измислена информација за теми и прашања од исклучителен јавен интерес, од кои ние сите ќе имаме лична но и општествена придобивка, стои во известувањето.

Од ММА нагласуваат, дека кампањите од искучителен јавен интерес, како што е на пример сегашната активност за имунизација на нашето население, нема никој право ниту пак смее да ги попречува да допрат до што е можен поголем број на наши сограѓани, на ефектен и правовремен начин, за што најдобар канал за пласирање на истите се националните терестријални ТВ канали.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk