logo
logo
logo

МФ: Нема промена во постапката за признавање квалификација за сметководител од странство

Vecer | 10.02.2021

МФ: Нема промена во постапката за признавање квалификација за сметководител од странство


Предложените измени на Законот за вршење на сметководствени услуги, не прават никакви промени на тековниот пазар на сметководствани услуги во земјава, истакнуваат од министерсвото за финансии  по реакцијата на Комората на сметководители.

Од ресорното министерство  велат дека со предлог законот само се допрецизира тековното решение во однос на професионалната квалификација стекната во странство.

„Со тековните одредби физичко лице кое има професионална квалификација за сметководител или овластен сметководител од странство и сега може да се стекне со уверение за сметководител, односно овластен сметководител по претходно полагање на испити според Програмата која ја утврдува Институтот на сметководители и овластени сметководители согласно закон“, се нагласува во соопштението.

Од министерството напоменуваат дека  со предложеното не се менува досегашниот концепт за постапката за признавање на квалификација стекната во странство.

„Пристапот на нашиот национален пазар на сметководствени услуги на даватели на сметководствени услуги од европскиот економски простор, ќе се случи по пристапување на Република Северна Македонија во Европската унија, односно кога севкупниот наш пазар ќе стане дел од единствениот европски внатрешен пазар“ нагласуваат од Министерството за финансии.

Додаваат дека  предвидено е и изготвување на нов Закон за сметководствени услуги, кој како и сите останати законски решенија ќе се носи преку инклузивен процес и на транспарентен начин.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk