Помеѓу 15-те избрани маркетинг и креативни професионалци кои го сочинуваат регионалното стручно-жири на овогодинешното издание на KAKTUS фестивалот, што ќе одлучи за најдобрите проекти, кампањи, компании, институции и агенции од минатата година во соседна Србија, се наоѓа и еден претставник од Македонија.

Станува збор за Маја Наумовска-Савеска, Head Of Corporate & Marketing Communications во Халкбанк Македонија, која заедно со останатите видни професионалци од целиот регион ќе одлучува за победниците и наградите кои ќе се доделат во вкупно 24 категории.

Жири комисијата на Кактус е составена од вкупно 30 членови, од кои 15 доаѓаат од Србија и 15 доаѓаат од останатите земји од регионот. За претседател на жирито од регионот е назначен Дарко Боснар, креативен директор на агенцијата Имаго Огилви од Хрватска, додека пак за претседател на жирито од Србија е назначен Вељко Голубовиќ- Извршен креативен директор на Њу Момент Њу Идеас компани.

Регионалното жири, во кое членува и претставничката од нашата земја го сочинуваат:

Ана Лозица, Creative Director & First Lady (Хрватска); Ана Марија Малиќ, Brand Communication Director, Degordian (Хрватска); Андреј Крајнер, Communications Director, NLB Group (Словенија); Барбара Рандиќ, Head Of Marketing Communication & PR Adriatic, Renault Nissan (Словенија); Блаж Вук, Creative Director, Pristop (Словенија); Дарко Боснар, Creative Director, Imago Ogilvy (Хрватска); Ирена Шарич Домбај, Corporate Communications Director, L’oreal (Хрватска); Лука Бајс, Executive Creative Director, Shift Agency (Словенија); Маја Наумовска Савеска, Head Of Corporate & Marketing Communications, Halkbank Skopje (Македонија); Марија Јакељиќ, Marketing Director, Croatia Osiguranje (Хрватска); Матјаж Герм, Creative Director, Agencija 101 (Словенија); Наташа Митровиќ, CEO & Co-Founder, Konteent Media (Босна и Херцеговина); Тончи Клариќ, Co-Founder & Creative Director, Spellcaster (Хрватска); Викторија Радојевиќ Мавриќ, Executive Director Of Marketing And Development, Mercator Group (Словенија) и Звонимир Секи, Chief Marketing Officer, Franck (Хрватска).

Жири-комисијата со претставници од Србија е составена од:

Александар Ружесковиќ, Marketing Director, Forma Ideale; Ѓорѓе Јанковиќ, Managing Partner & Creative Director, Friday; Горан Рушкуц, Creative Director, Communis DDB; Игор Милјковиќ, Head Of Production, dme.video; Иван Вестервеен, Creative Director, Saatchi&Saatchi Belgrade; Љубица Вукчевиќ, Head Of Data Analytics & Insight, Direct Media United Solutions; Марко Свирчевиќ, Art Director, Luna\TBWA Belgrade; Mилена Џориќ Гудориќ, Head of Marketing, Mastercard; Наташа Шарчевиќ, Marketing & Innovation Director, Atlantic Štark; Нина Елезовиќ, Public Affairs & Communication Manager Serbia and Montenegro BU, Coca-Cola HBC; Танја Васојевиќ, Communications Director, Delta Holding; Вељко Голубовиќ, Executive Creative Director, New Moment New Ideas Company; Владимир Ќосиќ, Creative Director, Represent Communications; Владимир Митровиќ, Creative Director, Ovation BBDO и Здравко Кеврешан, Associate Creative Director, Drive Agency.

Седмото издание на фестивалот за интегрирани комуникации КАКТУС 2021, ќе биде оддржано на 2-ри и 3-ти ноември во Белград, а повеќе информации може да се погледнат на следниов ЛИНК.