logo
logo
logo

„Копањето“ БИТКОИНИ повторно исплатливо?!

Vecer | 15.08.2022

„Копањето“ БИТКОИНИ повторно исплатливо?!

Индустријата за копање на Биткоин претрпе огромни финансиски турбуленции оваа година.

Сепак, „рударите“ кои го поминаа денот со најмал приход годинава, 13 јуни, сега се сведоци на пораст на приходите од „копањето“ за 68,63 отсто за еден месец, пренесува bizportal.

Во текот на годината, приходите од „копањето“ на биткоин се намалија поради мноштво фактори поврзани со расположението на инвеститорите - поттикнати од тензиите поради падот на пазарот, колапсот на екосистемот и инвестициите со загуба. Биткоинот се опорави според голем број детерминанти, вклучувајќи ги приходите на „рударите“ во долари, тешкотијата на мрежата и распространетоста, пишува See biz.

Податоците од порталот blockchain.com потврдуваат дека приходите од „копањето“ на БТК скокнале за речиси 69 отсто за само еден месец - од 13,928 милиони долари на 13 јули на 23,488 милиони долари на 12 август. Значителниот пораст на овие приходи гарантира дека „копањњто“ на Биткоин е остварлив бизнис, и покрај високите оперативни трошоци. Дополнително, пониските цени на графичкиот процесор им овозможија на „рударите“ на БТК да ја прошират својата инфраструктура во обид да ги ископаат последните два милиони БТК.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk