logo
logo
logo

КОЛКУ Е МИНИМАЛЕЦОТ во земјите од ЕУ, а колку кај нас и Србија и ЗОШТО ОВАА ГОДИНА Е ВАЖНА

Vecer | 30.10.2024

КОЛКУ Е МИНИМАЛЕЦОТ во земјите од ЕУ, а колку кај нас и Србија и ЗОШТО ОВАА ГОДИНА Е ВАЖНА

Последните податоци на Европската конфедерација на синдикати покажуваат значителни разлики во висината на минималните плати меѓу земјите од Европската унија.

Минималната плата во Хрватска е 840 евра бруто месечно, што ја става на дното на скалата на ЕУ.

Земјите како Луксембург (2.571 евра), Германија (2.151 евра), Холандија (2.183 евра) и Ирска (2.146 евра) се издвојуваат со минимална плата над 2.000 евра, со што се обезбедува значително повисок стандард за своите работници со најниски примања.

Во Франција таа сума е 1.767 евра, додека во Шпанија минималната плата е 1.323 евра. Од друга страна, Бугарија има најниска сума во рамките на ЕУ, каде минималната плата е само 477 евра.

Во Македонија минималната плата изнесува 22.567 денари или 366 евра, додека последната просечна плата изнесуваше 41.097 денари, односно 667 евра.

Во соседна Србија која исто така не е во ЕУ минималната плата изнесува 47.154 динари или 403 евра, додека просечната плата е 96.649 односно 826 евра.

Инаку, во однос на минималната плата, оваа година е важна за сите работници во земјите од Европската Унија.

Имено, до 15 ноември треба да стапи на сила новата директива на ЕУ за минимални плати, со цел минималната плата на меѓународно ниво да биде еднаква на 60 отсто од просечната плата.

Дваесет и две од 27 земји-членки на Унијата имаат воспоставено национален минимален приход, што значи дека работодавците во овие земји се обврзани со закон да не плаќаат помала од националната минимална плата.

Во извештајот на Евростат се наведува дека од 10 земји кандидати и потенцијални членки на ЕУ, седум имале национална минимална плата, и тоа Црна Гора, Молдавија, Македонија, Албанија, Србија, Турција и Украина.

„Сите земји кандидати и потенцијални кандидати со национална минимална плата, за кои се достапни податоци, имаат минимални плати кои се движат од 185 евра во Украина до 568 евра во Турција“, се наведува во гореспоменатиот извештај.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk