На пазарот се појави некоја амбалажа со капаче, кое не се кине, т.е. не се одвојува. Со други зборови, сега тие се прицврстени со пластични нишки на отворот на шишето/картонот.
Ако сте се обиделе да ги отстраните/скинете и не успеавте, еве зошто.
Станува збор за директива на Европската Унија чија цел е рециклирање на поголеми количини пластика отколку што беше случај досега. Иако оваа директива е изгласана одамна, таа допрва треба да стапи во целосна сила.
Кога станува збор за ова решение, кое треба да ги следи европските цели поврзани со одржливост и екологија, во мај 2018 година ЕУ објави нова директива за тоа како да се постапува со пластични производи за еднократна употреба.
Меѓу другото, оваа регулатива предвидува пијалоците да можат да се продаваат во пластични шишиња, само доколку капачето остане залепено за него. Сепак, на фотографиите можете да видите дека истата норма важи и за картонската амбалажа.
Инаку, директивата е изгласана на 5 јуни 2019 година, а производителите имаат обврска да ги приспособат своите производи на неа најдоцна до декември 2024 година.
Исто така, сегашната директива е дел од првата Стратегија за пластика имплементирана од Европската Унија, со цел до 2030 година да се рециклира пластичната амбалажа на тој пазар и да се намали потрошувачката на пластика за еднократна употреба и да се ограничи намерната употреба на микропластика.
Како што се наведува, поради оваа одлука количината на отпад би можела да се намали за 10 отсто, а се наведува дека Европејците секоја година произведуваат 25 милиони тони пластичен отпад. Сепак, помалку од 30 проценти се собираат за рециклирање.
Ако сè уште се прашувате како ова решение ќе придонесе за зачувување на животната средина, ЕУ сугерира дека претходно редовно се фрлале тапи на улица.
Сепак, практичноста се јавува како еден од потенцијалните проблеми на ова решение, бидејќи луѓето на форумите веќе почнаа да коментираат како се „мачат“ со пакување од половина литар, како шише со вода што го носат низ градот итн.
https://vecer.mk/makedonija/najchitani-10-info-portali-za-maj-2023-ova-se-kreatorite-na-javnoto-mislenje-vo-makedonija/
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата