logo
logo
logo

КАНЦЕЛАРИИТЕ ПУСТИ, се повеќе работници сакаат да работат од дома во Германија

Vecer | 15.05.2023

КАНЦЕЛАРИИТЕ ПУСТИ, се повеќе работници сакаат да работат од дома во Германија

Германските канцеларии се празни бидејќи вработените работат од далечина многу повеќе во споредба со периодот пред пандемијата.

Ова го покажа најновиот извештај на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

„Во моментов, 12,3 отсто од работните станици во канцелариите се слабо искористени на дневна основа, бидејќи вработените работат од далечина. Оваа бројка беше само 4,6 отсто пред пандемијата, во 2019 година“, рече експертот на МФО, Сајмон Краузе.

Од горенаведените податоци, произлегува дека бројот на неискористени работни станици во канцелариите е практично тројно зголемен од 2019 година.

Во услужниот сектор, бројот на неискористени работни станици на дневна основа е зголемен од 6,2 отсто во 2019 година на денешните 16,8 отсто, производството, од 3,1 отсто на 9,6 отсто, делумно и во трговијата, од 3,2 отсто на 5,8 отсто и градежништвото, од 1,7 до 2,5 проценти.

Канцелариите се слободни во компаниите кои се занимаваат со рекламирање и истражување на пазарот, како и во фармацевтската индустрија, ИТ сферата и менаџмент консалтинг.

Краузе тврди дека празнењето на канцелариите врши дополнителен притисок на пазарот на недвижности, а влијае и на помалиот профит во продавниците за малопродажба во центарот, каде што обично се наоѓа седиштето на компанијата.

Неодамнешното истражување на IFO покажа дека 24 отсто од вработените во Германија работеле од дома во април.

„Процентот на луѓе кои работат од дома е сè уште многу поголем отколку пред пандемијата на коронавирус“, рече тогаш експертот на МФО, Жан-Виктор Алипур.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk