logo
logo
logo

Како може омикрон ДА ВЛИЈАЕ НА ЕКОНОМИЈАТА - ОВА СЕ ТРИ СЦЕНАРИЈА

Vecer | 02.12.2021

Како може омикрон ДА ВЛИЈАЕ НА ЕКОНОМИЈАТА - ОВА СЕ ТРИ СЦЕНАРИЈА

Берзанските аналитичари предупредуваат дека несигурноста за новиот вид на вирус, омикрон најверојатно ќе продолжи да влијае на однесувањето на инвеститорите и движењата на пазарот.

Засега оценуваат дека нема да се повтори сценариото од петокот, кога се појавија вестите за новиот сој, и кога европските индекси паднаа за повеќе од три отсто, а американските за над два отсто.

На почетокот на неделата беа објавени вести за досега благите случаи на болести предизвикани од омикрон, што би значело дека нема да има посериозни потреси во економијата. Засега има смирувачки ефект на берзите, па индексите почнаа да растат во понеделникот.

Во меѓувреме, економистите на инвестициската групација Голдман Сакс развија неколку сценарија за потенцијалното влијание на новата варијанта на вирусот врз глобалниот економски раст.

Еден од нив е дека вирусот омикрон е лажна тревога без значително влијание врз растот и инфлацијата.

Лошото сценарио, во кое омикрон се шири побрзо од претходната делта варијанта, предвидува дека следната година глобалното ниво на економски раст би изнесувало 4,2 отсто, а тоа би било пад од 0,4 во однос на нивната сегашна прогноза.

Трето се вели дека ако се покаже дека омикронот е само малку попренослив од делта, но и дека предизвикува многу помалку сериозни болести, тоа би било т.н. нормализирано сценарио во кое глобалниот економски раст би можел да биде повисок од нивната основна прогноза, а инфлацијата би се намалила.

Сепак, како што најавија, додека не се знае повеќе за омикрон и перспективите за секое од овие сценарија, нема да ги менуваат своите прогнози поврзани со растот, инфлацијата и монетарната политика, пренесува Јутарњи лист.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk