logo
logo
logo

Изгубија 4,8 милијарди долари резерви за седум дена

Vecer | 22.05.2022

Изгубија 4,8 милијарди долари резерви за седум дена

Турција има најголема загуба во девизните резерви од почетокот на оваа година.

За само една недела изгуби 4,8 милијарди долари.

Ова се смета за голем трошок од обидот да се зачува вредноста на домашната валута.

Централната банка на оваа држава соопшти дека загубата се случила за седум дена до 13 мај.

Вкупните резерви на Турција, вклучувајќи ги и резервите на злато, се најниски во последните 10 месеци, од 61,2 милијарди долари.

Кристијан Маџо од лондонската финансиска компанија TD Securities оваа загуба ја нарече шокантна, а тоа е показател дека економските мерки на оваа земја пропаднале, пренесува Кликс.

И покрај тоа што државните банки повремено интервенираат на девизните пазари, лирата има најниска вредност во однос на доларот.

Само од почетокот на годината загуби 16 отсто од вредноста во однос на вредноста на американската валута.

Државните банки не ги коментираа нивните интервенции, но поранешниот гувернер на Централната банка во 2020 година изјави дека интервенциите биле во согласност со законот.

Американскиот бизнис портал Блумберг пишува дека намалувањето на резервите е клучен извор на ранливост на турската економија.

Претседателот на оваа земја Реџеп Таип Ердоган истакна дека во 2019 и 2020 година се потрошени 165 милијарди долари за да се стабилизира домашната валута.

Според Блумберг, оваа мерка значително пропаднала и Централната банка на крајот била принудена да ги зголеми каматните стапки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk