– Само да напоменам дека за самото претседавање во 2023 година, дополнително уште од сега се мапирани нови осум милиони евра, но тоа е ставка која ќе биде дел од буџетот за 2023 година, дополни Османи.Во зголемувањето на буџетот влегува и преземената обврска согласно одлуката на Владата која одобри повеќегодишните буџетски средства во висина до пет милиони евра, за реализација на активности на повеќе дипломатски и конзуларни имоти. Од МНР велат дека се работи за имотите во Цирих, Атина, Канбера, Будимпешта, Бразилија и Анкара, односно, онаму каде што е утврдено дека поради неопходната потреба од реконструкции, реновирања и потребни адаптации, веќе подолго време имотите не се користат за потребите на дипломатско конзуларната мрежа. Реализацијата на овие капитални инвестиции, како што велат од МНР, понатаму ќе обезбеди заштеди на годишните трошоци кои сега се одвојуваат за наемнини и други редовни трошоци.