logo
logo
logo

Инвестиција на Битолската квасара од 3 милиони евра за ФОТОПАНЕЛИ И ТУРБИНИ ЗА СТРУЈА

Vecer | 28.06.2022

Инвестиција на Битолската квасара од 3 милиони евра за ФОТОПАНЕЛИ И ТУРБИНИ ЗА СТРУЈА

Енергетската криза но и можноста за добра заработка „го принуди“ Собранието на акционери на битолска Квасара да се задолжи со 3 милиони евра кај комерцијалните банки за изградба на фотоволтаични централи и создавање на услови за инсталирање на парни турбини за производство на електрична енергија, објави денеска порталот faktor.mk.

Инвестиционото вложување во енергетиката ќе се состои во изградба на фотоцентрала на земја, фотоцентрали на покривот, како и реконструкција на складиштето за гориво, котелот на биомаса и мазутните котли, со што би се овозможило производство на електрична енергија со парни турбини, објави претпријатието како берзанска информација.

„Со новото инвестициско вложување од 3.000.000 евра, вкупното рамковно вложување и задолжување од комерцијалните банки ќе изнесува 7.000.000 евра, или 72,75 отсто од имото на друштвото со состојба утврдена од податоците од годишната сметка за 2021“, се вели во известувањето.

Приходот од продажба на „Фабрика за квасец и алкохол“ годишно се движи околу 7 милиони евра, а акционерското друштво е една од десетте најголеми компании во Битола..Таа е единствената домашна компанија што произведува квасец и шпирт.

Ова компанија е една од ретките во земјава која и по 30 години од транзицијата од плански во пазарен систем уште на одреден начин се води како во време на Самоуправувањето. Компанијата има повеќе од 200  акционери – домашни физички лица кои поседуваат 97 отсто од акциите со право на глас и нема ниту еден акционер кој поседува над 5 отсто од управувачките права.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk