logo
logo
logo

Хари Костов се стекна дополнителни 3.500 обични акции од КБ, по објавата за исплата на дивиденда

Vecer | 05.08.2021

Хари Костов се стекна дополнителни 3.500 обични акции од КБ, по објавата за исплата на дивиденда

Хари Костов, Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор, се стекна со 3.500 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, соопшти Комерцијална банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза.

Оваа одлука за нова инвестиција првиот човек на Банката ја донесе откако Советот на Народната банка на Република Северна Македонија донесе Одлука за укинување на Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките.

Со новата инвестиција од 3.500 купени акции од Банката со која раководи, г-н Хари Костов дополнително го зголемува својот и онака голем акционерски капитал во Комерцијална банка АД Скопје, каде што вкупниот број на акции во моментов изнесува 2.279.067 обични акции со право на глас, а вредноста на една акција изнесува 9.908,39 денари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk