logo
logo
logo

Хари Костов од Уставен бара ДА СЕ УКИНЕ ЗАБРАНАТА ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДИ

Vecer | 12.03.2021

Хари Костов од Уставен бара ДА СЕ УКИНЕ ЗАБРАНАТА ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДИ

Главниот извршен директор на Комерцијална банка, Хари Костов и други акционери во банката, ја оспорија одлуката на Народната банка со која привремено се забрани распределба и исплата на дивиденда на акционерите на банките пред Уставниот суд.

Поднесена е иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките, донесена од Советот на Народната банка на Република Северна Македонија на 26 февруари 2021 година.

-Во ниту една одредба од Законот за Народната банка не е утврдено овластување на Советот со свој акт да пропише ограничување на распределбата и исплатата на дивидендата на акционерите на банките, независно од целите што Советот на НБМ сакал да ги постигне. Со донесувањето на оспорената Одлука, подносителите на иницијативата сметаат дека Советот ги пречекорил своите овластувања и надлежности утврдени со закон и дека таквата одлука во правната теорија и судската пракса се смета за ништовна, соопштуваат од Комерцијална банка.

Тие бараат, Уставниот суд да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија преземени врз основа на оспорената Одлука до конечното одлучување по предметот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk