logo
logo
logo

Халкбанк започна со предвремена исплата на јунските пензии

Vecer | 28.06.2022

Халкбанк започна со предвремена исплата на јунските пензии

Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти пензионери дека пензиите за месец јуни се веќе на нивните сметки од денес (28.06.2022 – вторник) и истите можат слободно да ги користат при пазарење со своите платежни картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии.

За пензионерите кои не користат картичка, препорачаната готовинската исплата на пензиите на шалтерите на Банката ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа:

До 11.000 денари 28.06.2022 г. (вторник)

001-14.000 денари 29.06.2022 г. (среда)

001-18.000 денари 30.06.2022 г. (четврток)

Над 18.001 денари 01.07.2022 г. (петок)

На шалтерите на Банката ќе бидат подготвени апликации и инструкции од вработените за добивање и користење на бесплатните дебитни картички за приматели на пензии и уникатната можност за користење на сите банкомати од било која банка во државата без провизија за подигнување на готовина.

Сите филијали на Халкбанк АД Скопје ќе бидат во функција за извршување на потребите на клиентите во периодот од 08:30 до 16:30 часот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk