logo
logo
logo

Хакери го нападнаа Фолксваген, украдени лични податоци на 3 милиони клиенти

Vecer | 13.06.2021

Хакери го нападнаа Фолксваген, украдени лични податоци на 3 милиони клиенти

Компанијата викендов потврди дека нивната подружница во САД која собирала податоци за клиентите за потребите на одделот за маркетинг и онлајн продажба била жртва на хакерски напад. Станува збор за податоци кои вклучиваат имиња, телефонски броеви, имеил и адреси на живеење, а во одреден број случаеви и ВИН броевите на нивните автомобили, како и броевите на возачки дозволи и броеви од социјалното осигурување, што во САД се посебно осетливи податоци.

Повеќе од три милиони луѓе во САД и десетици илјади клиенти во Канада станаа жртви на кражба на податоци од страна на хакери кои го компромитираа системот на надворешен партнер на „групацијата Фолксваген“, пренесува Ројтерс.

Украдените податоци се однесуваат на купувачите на Фолксваген и Ауди возилата, како и оние кои ја контактирале компанијата интересирајќи се за можноста да купат возило.

Компанијата веќе исконтактирала 90 илјади од своите клиенти на кои им се украдени најосетливите податоци и им била понудена бесплатна помош во заштитата на нивните податоци.

Кражбата се случила меѓу август 2019 година и мај 2021 година, а покрај Соединетите држави, биле компромитирани и неколку десетици илјади клиенти од Канада.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk