logo
logo
logo

ГРОБИШТА СО ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ: Возилата изгледаат нови, а никој не ги сака (ФОТО)

Vecer | 19.08.2024

ГРОБИШТА СО ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ: Возилата изгледаат нови, а никој не ги сака (ФОТО)

Дрон над селото Манван во Џиакинг, Кина откри надреални сцени - стотици и илјадници електрични возила внимателно паркирани до обработливо земјиште и напуштени од нивните сопственици.

Локалните жители ги нарекуваат гробишта на електрични автомобили.

И можеби не е изненадувачки ако некои од овие возила не беа во работна состојба кога беа оставени во рурална Кина.

Зошто никој не ги сака овие автомобили?

Концептот на споделување во транспортниот сектор стана многу популарен во последните десет години. Откако изнајмувањето е-велосипеди и скутери преку мобилна апликација стана голем хит во светските урбани центри, сличен бизнис модел со електрични автомобили почна да цвета во Кина.

Покрај тоа, Кина стана глобална суперсила во производството и продажбата на електрични возила, а благодарение на големите владини субвенции, илјадници компании се отворија овде и се регистрираа за да обезбедат услуги за изнајмување електрични автомобили.

Со оглед на тоа што не беа направени прецизни студии за потребите на пазарот, беа произведени повеќе автомобили за изнајмување отколку што беа потребни. Кога на пазарот се појави новата генерација на електрични возила, постарите модели станаа застарени. Субвенциите беа намалени во 2019 година, а многу компании банкротираа.

Дел од електричните возила биле расипани, а за поправка била потребна финансиска инекција повисока од вредноста на самото возило. Било полесно да се транспортираат сите заедно во рурален дел на Кина и да бидат заборавени. Или така мислат локалните жители.

Никој не знае што ќе се случи со електричните возила оставени во Џиакинг. Единствено е сигурно дека автомобилите се препуштени на милост и немилост на природата и дека секој ден се повеќе се расипуваат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk