ГОРИВАТА ПОЕВТИНУВААТ од полноќ! Цените уште ќе паѓаат

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,60 % во однос на одлуката од 17.3.2023 година.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,649 ден/кг и сега ќе изнесува 38,130 ден/кг.
Од 21.3.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 38,130 (денари/килограм)
Цената на дизелот ќе биде под 75 денари, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Како што рече Бектеши на прес-конференција во Владата, за само една недела цената на дизелот е намалена за речиси 4,5 денари.
-За само една недела цената на дизелот е намалена за речиси 4,5 денари, а тој тренд ќе продолжи и оваа недела. Се враќаме на цената на горивата од февруари минатата година, што ќе има позитивно влијание врз намалување на инфлацијата, заклучи министерот.