Големо мнозинство од работоспособното население во Германија само се издржува, сами ги финансираат сопствените животи, објави денеска Федералниот завод за статистика.
„76 отсто од граѓаните на возраст меѓу 25 и 64 години, што е околу 34,5 милиони луѓе, со сопствен труд ги покриваат животните трошоци“, се вели во соопштението за печатот на Сојузниот завод за статистика во Визбаден.
Уште осум проценти живеат од поддршката на своите партнери, а шест проценти од населението живее од поддршката за невработените.
Секој стоти жител на Германија живее од приходите од сопствениот имот или од издавањето сопствен недвижен имот. Како што е соопштено, разликите во финансирањето на животните трошоци се забележливи доколку се земе предвид полот.
<b>Разликата меѓу мигрантите и староседелците</b>
“83 отсто од мажите на возраст меѓу 25 и 64 години сами се грижат за животните трошоци, а тоа е случај со 69 отсто од жените“, се вели во соопштението на Заводот за статистика.
Разликите се забележливи и кога се споредуваат жителите со мигрантско потекло и староседелците. 67 отсто од мигрантите се финансирани од сопствена работа, додека учеството е поголемо кај староседелците со 80 отсто.
„Разликата е уште поголема ако се спореди женскиот дел од мигрантската и староседелска популација, каде што жените мигранти во 55 отсто од случаите сами ги покриваат трошоците за живот, додека кај жените без мигрантски корени, тој процент е поголем за 74 отсто“. се заклучува во соопштението.