Минхенскиот институт за економски истражувања ИФО соопшти дека бројот на работници со скратено работно време се зголеми за првпат од јануари, а во периодот август – ноември се зголеми од 76.000 на 187.000, соопшти
Според Институтот, енергетската криза предизвикува благо зголемување на скратеното работно време во Германија во производствените активности, а порастот е најизразен во преработувачката индустрија каде бројот на работници со скратено работно време се зголемил од 59.000 на 151.000.
ИФО наведува дека тие податоци ги добил врз основа на спроведени истражувања, како и податоци од германската Федерална агенција за вработување.
Во автомобилската индустрија бројот на работници со скратено работно време се зголемил од 14.100 на 33.400, а во хемиската индустрија од 7.400 на 21.200.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата