logo
logo
logo

Германците ги чекаат уште поскапувања: Речиси сите трговци на мало планираат да ги зголемат цените

Vecer | 02.07.2022

Германците ги чекаат уште поскапувања: Речиси сите трговци на мало планираат да ги зголемат цените

Германските потрошувачи очекуваат зголемување на цените и во наредните месеци.

Речиси сите трговци на мало со храна и луксузни стоки планираат да ги зголемат цените, покажуваат резултатите од истражувањето на Институтот за економски истражувања Ifo.

Ваквите ценовни очекувања се на 98,9 процентни поени, што е едвај помалку од теоретската максимална вредност од 100 поени, изјави во петокот Ifo.

Трговците во другите малопродажни сектори, исто така, најмногу планираат поскапувања и очекувањата на цените се 78,6 процентни поени.

„Стапките на инфлација треба да останат високи“, вели експертот на Ifo, Тимо Волмершаузер.

Сепак, постојат и првите индикации дека стапката на инфлација може постепено да опаѓа во текот на годината.

„Тоа е затоа што очекувањата за цените во некои сектори на економијата паѓаат два месеци по ред“, објасни Волмерсхајзер.

Станува збор за индустријата каде од 66,7 паднаа на 59,7 поени, градежниот сектор од 56 на 50 и трговијата на големо од 68,1 на 57,4 поени.

Фото: Шутер

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk