logo
logo
logo

ФРАНЦИЈА ЈА ПОМИНА ГЕРМАНИЈА: Продава повеќе автомобили

Vecer | 29.04.2022

ФРАНЦИЈА ЈА ПОМИНА ГЕРМАНИЈА: Продава повеќе автомобили

Од јули минатата година, Европската унија бележи постојан пад на бројот на продадени нови автомобили.

ЕУ забележа пад на продажбата на автомобили за 24,9 отсто во март во однос на истиот месец минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).

Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA) објави дека во март во земјите на ЕУ биле продадени 153.553 автомобили, што е речиси четвртина помалку од март 2021 година.

Франција е лидер во март меѓу 27-те членки на Европската унија со 39.005 нови автомобили регистрирани за лична употреба. Следува Германија со 30.350 регистрирани нови возила, потоа Италија со 18.753 и Шпанија со 11.880.

Во извештајот се наведува и дека во првите три месеци од годинава во 27-те земји членки на Европската унија се продадени вкупно 411.097 автомобили, што е за 18,1% помалку во однос на првиот квартал од минатата година.

Од јули минатата година, Европската унија бележи постојан пад на бројот на продадени нови автомобили.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk