logo
logo
logo

Фестивал на видео игри во Diamond Mall

Vecer | 15.06.2024

Фестивал на видео игри во Diamond Mall

Од 15 до 19 јуни, сите љубители на видео игри ќе бидат во Diamond Mall каде ќе се одржи специјален фестивал посветен на модерните и ретро видео игри. Фестивалот е во организација на Diamond Mall и ќе има натпреварувачки карактер, со атрактивни подароци за натпреварувачите во различните категории. Посетителите што нема да се натпреваруваат ќе имаат можност да бидат дел од гејминг забавата во посебно опремениот простор со симулатори и конзоли за видео-игри.

На фестивалот во Diamond Mall сите учесниците и љубителите на видео-игрите ќе можат да се забавуваат и натпреваруваат, а меѓу игрите што ќе ги понуди фестивалот се оние од „PlayStation“ и „Nintendo“, но и ретро видео-игрите како „Super Mario“, „Pack-Man“, „King Kong“ и сл. Понудата е дополнета и со опции за натпреварување и забава, преку практикување фудбалски вештини.

За најуспешните учесници на фестивалот на видео-игри, Diamond Mall ќе обезбеди подароци ќе ги додели познатиот македонски актер, познат љубител на видео игри и програмер Гораст Цветковски, а доделувањето ќе се одржи на 19 јуни 2024, на последниот ден од фестивалот.

Настанот е дел од низата активности што Diamond Mall ги нуди на своите посетители, овозможувајќи им нови и поинакви искуства, кои се комплементарни со останатите содржини на трговскиот центар. Благодарение на ваквиот уникатен концепт, Diamond Mallпрерасна во една од омилените дестинации за сите жители и посетители на главниот град.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk