logo
logo
logo

Еве каде се работи 50 часа неделно, ПРОСЕКОТ ВО ЕВРОПА КАЖУВА СЕ

Vecer | 14.05.2023

Еве каде се работи 50 часа неделно, ПРОСЕКОТ ВО ЕВРОПА КАЖУВА СЕ

Вработените во Албанија, и мажи и жени, имаат најдолго работно време во Европа. Кај мажите достигнува и до 50 часа неделно, додека жените во таа земја работат околу 45 часа неделно, пренесува Кљан Косова.

Овие податоци беа објавени во неодамнешниот извештај на Европската комисија за работните услови и идните импликации, врз основа на истражување што се спроведува еднаш на секои пет години со анкетирање на 70.000 работници во 36 европски земји.

Ова ги вклучува земјите-членки на ЕУ, како и Обединетото Кралство, Норвешка, Швајцарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Долгите работни часови во Албанија се чини дека се поврзани со два фактори. Едниот е викенд работа, а другиот е високото ниво на самовработени, што во Албанија е околу 36 отсто од вкупниот број вработени, што е рекорд во регионот, пренесува Косово онлајн.

Според истиот извештај, во просек во земјите членки на ЕУ, мажите работеле нешто повеќе од 42 часа неделно, додека жените околу 37 часа. Класичната недела од 40 часа остана стандардна во 2021 година во огромното мнозинство земји, освен Франција (35 часа), Данска (37 часа), Норвешка (38 часа) и Швајцарија (42 часа). Околу 20 отсто од сите работници (31 отсто од жените и 12 отсто од мажите) работеле 34 часа или помалку неделно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk