logo
logo
logo

Етериумот руши рекорди! Дали ќе достигне цена од 10 000 американски долари?

Vecer | 06.05.2021

Етериумот руши рекорди! Дали ќе достигне цена од 10 000 американски долари?

Вредноста на криптовалутата Етерум, со денови расте и ги руши сопствените рекорди. Моменталната цена е околу 3.500 долари, што претставува раст од повеќе од 5 проценти.

Според Блумберг, Европската инвестициска банка ќе користи етереум за регистрација на дигитални банкноти во вредност од 100 милиони евра.

Доколку ЕИБ и другите финансиски гиганти започнат да издаваат плаќања на етериум, може да има масовно усвојување, а некои аналитичари предвидуваат дека до крајот на 2021 година, етереумот може да достигне цена од 10 000 американски долари.

Најстарата и најпопуларна криптовалута, биткоин, денес забележа раст од скоро 3 проценти, бидејќи околу 12 часот со дигитални монети се тргуваше по цена од 58.300 долари. Пазарната капитализација на биткоинот е сè уште над трилион долари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk