logo
logo
logo

Ер Србија, храна и енергија - на овие теми раговарале Вучиќ и Тамим бин Хамад Ал Тани, емирот на Катар

Vecer | 05.03.2023

Ер Србија, храна и енергија - на овие теми раговарале Вучиќ и Тамим бин Хамад Ал Тани, емирот на Катар

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека при денешниот разговор побарал од првиот човек на Катар да види дали постои интерес во таа земја нивната компанија во иднина да биде стратешки партнер на Ер Србија.

Вучиќ рече дека би било исклучително важно тоа партнерство да се случи, најави натамошни разговори на таа тема при возвратната посета, но и пред тоа стручни оценки. Тој оцени дека националната авиокомпанија е прашање на престиж. а не само пари, и дека Ер Србија успеа да постигне добри резултати и да отвори нови линии.

„Ер Србија и припаѓа на Србија, сега е профитабилна и гледаме во иднината. Денес ситуацијата е добра, дали секогаш ќе биде, не зависи само од нас, туку и од можностите на пазарот. И гледаме дека големите светски компании драстично паѓаат“, рече Вучиќ.

Тој оцени дека „Ер Србија“ е единствената авиокомпанија во регионот што прави нешто сериозно, а Србија има и аеродром кој по инвестициите е еден од најмодерните.

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави од Катар дека Ер Србија сега е целосно во српски раце.

Вучиќ рече дека ова е средба од големо значење за Србија.

„Ер Србија денеска е целосно во српски раце и сакаме да избегнеме ризици. Го замолив емирот на Катар да ни помогне во иднина и да видиме дали има интерес да станеме наш стратешки партнер или не“, рече Вучиќ.

Тој рече дека тоа ќе биде „ужасно важна“ инвестиција за нив.

Тој посочи дека „Ер Србија“ постигнала добри резултати и најави нова линија до Чикаго, како и нови линии до Кина.

Вучиќ рече дека теми на разговор биле претстојната возвратна посета, снабдувањето со храна и енергијата. Тој изјави дека Србија има многу локации во неколку региони кои може да ги понуди во делот на градежните инвестиции и дека се работи за големи инвестиции за кои има интерес од катарска страна, а како нива ги спомена и инвестициите во наводнувањето.

Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, емир на Катар, што е нивна прва средба досега.

Вучиќ и емирот на Катар се сретнаа во Националниот конгресен центар на Катар во Доха, а главни теми на средбата беа подобрувањето на билатералната соработка меѓу двете земји, економијата, трговијата, инвестициите.

Односите меѓу Србија и Катар се пријателски, а дипломатските односи меѓу двете земји беа воспоставени во 1989 година. Дипломатските претставништва се на ниво на амбасадори, а во сила се и голем број билатерални договори кои го зајакнуваат постојното партнерство.

За време на епидемиолошката криза, емирот на Катар испрати авион со медицинска помош во Србија, како израз на пријателството што ги поврзува двете земји и добрите билатерални односи и соработка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk