logo
logo
logo

Романо Проди:

“Енергетската криза ризикува трговска војна меѓу ЕУ и САД“

Vecer | 28.11.2022

“Енергетската криза ризикува трговска војна меѓу ЕУ и САД“

“Енергетската криза уште еднаш покажа дека Европа е далеку од заедничка политика за важни стратешки прашања, а разликата во цените и пристапите во Европската унија и САД ризикува да започне трговска војна меѓу двете страни на Атлантикот.“

Ова го напиша поранешниот премиер на Италија и поранешен шеф на Европската комисија, Романо Проди, во напис објавен во италијанскиот весник Il Messaggero“.

„Енергетската бура уште еднаш го засени европскиот хоризонт, покажувајќи дека дури и во овој многу важен стратешки сектор, единствена политика сè уште не е остварлива. Ниту еден од предлозите што се дискутираа не нуди прифатливо решение за проблемот. Предлогот на Европската комисија за ограничување за цената на природниот гас е бескорисна. Не е јасно каква е перспективата за ограничување на цената на гасот што е двојно повеќе од сегашните пазарни цени. Од друга страна, воведувањето пониска цена едноставно ќе предизвика синото гориво да се пренасочи во други насоки, особено кон Азија“, пишува Проди.

Тој смета дека во услови на нерамнотежа меѓу побарувачката и понудата предизвикана од намалувањето на руските залихи, единствената вистинска заштита е намалувањето на потрошувачката во комбинација со зголемувањето на домашното производство, почнувајќи од обновливите извори.

Проди ја посочува загриженоста на европските метрополи за неодамнешната американска одлука за субвенционирање на националните компании во најважните сектори со огромна сума од 369 милијарди долари.

„Разликите во цените на енергијата и овие субвенции може да доведат, како очигледна последица, до префрлање на инвестициите и бизнисот во САД, прогресивна деиндустријализација на Европа и ризик од трговска војна меѓу двете страни на Атлантскиот Океан.“, предупредува Проди.

Фото: Профи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk