logo
logo
logo

Електричен Фолксваген, АМА ЗА НА НИВА (ФОТО)

Vecer | 01.11.2024

Електричен Фолксваген, АМА ЗА НА НИВА (ФОТО)

Електрификацијата не напредува само во Европа, Кина и Америка. Volkswagen Group Africa најавува пилот проект со електрични трактори за земјоделство во Руанда.

Преку проектот GenFarm, целта е да се создаде поодржливо земјоделство без никакви емисии и без зависност од фосилни горива.

Истовремено, ќе се зголеми и ефикасноста на земјоделството во земјава со тоа што трактори ќе бидат достапни за повеќе луѓе.

Веќе во 2022 година, Volkswagen започна да развива електрични трактори заедно со Универзитетот во Руанда.

Сега се во тек подготовките тие да бидат достапни за поширок круг земјоделци.

Покрај трактори, ќе може да се изнајмуваат и електрични мопеди, а сите овие возила се полнат со помош на соларни ќелии.

„Фармерите можат да резервираат електричен трактор, како и обучен возач за достапно одржливо земјоделство“, коментира Николај Ардај, извршен директор на Центарот за иновации на групацијата VW.

Засега нема повеќе информации за овој електричен трактор со ознака Фолксваген.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk