logo
logo
logo

Орбан: Унгарија воведува ГОРНА ГРАНИЦА НА ЦЕНИТЕ НА БЕНЗИНОТ И ДИЗЕЛОТ

Vecer | 09.03.2026

Орбан: Унгарија воведува ГОРНА ГРАНИЦА НА ЦЕНИТЕ НА БЕНЗИНОТ И ДИЗЕЛОТ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека владата на земјата ќе воведе горна граница за цените на бензинот и дизелот поради ситуацијата со нафтата на Блискиот Исток, објави порталот „Хирадо“.

„Тоа значи 595 форинти (околу 90 денари) за бензин и 615 форинти (околу 100 денари) за дизел“, рече Орбан, додавајќи дека за да се одржат овие цени, ќе се отворат државни резерви. Мерката стапува на сила на полноќ и се однесува на возила со унгарски регистарски таблички и унгарски дозволи за регистрација и се однесува на физички лица, земјоделци, транспортери и претприемачи.

Според унгарскиот премиер, владата ќе воведе заштитена цена и за бензинот и за дизелот, над која потрошувачките цени на бензинските пумпи не можат да надминат, со цел да се заштитат Унгарците, поединците, земјоделците и претприемачите од високите цени на горивата.

Унгарскиот премиер претходно денес изјави дека во писмо побарал од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да ги суспендира сите санкции против руските производители на енергија, бидејќи тоа е неопходно за да се запре порастот на цените на суровата нафта во Унгарија и ЕУ.

Според него, украинската нафтена блокада и војната на Блискиот Исток предизвикуваат вртоглаво зголемување на цените на нафтата, што претставува сериозна закана за Унгарија и Европската Унија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk