logo
logo
logo

Правилната финансиска едукација за деца создава одговорни идни генерации - Прва финансиска лекција за деца на Халкбанк

Vecer | 05.05.2026

Правилната финансиска едукација за деца создава одговорни идни генерации - Прва финансиска лекција за деца на Халкбанк

Со новата кампања „Прва финансиска лекција за деца“, Халкбанк овојпат ја потенцира важноста на финансиската писменост уште од најрана возраст, и преку брендот Халки задетско штедење, таа продолжува да инвестира во едукација на најмладите, поттикнувајќи ги да градат корисни финансиски навики.

Кампањата се темели на идејата дека првите лекции за парите се најважни. Штедењето, планирањето и одговорното користење на средствата не се вештини што треба да се учат кога ќе заработи правата плата или хонорар, туку навики што се градат од мали нозе, преку практични совети и реални ситуации.

„Веруваме дека финансиската писменост започнува од најрана возраст и дека токму тогаш се поставуваат темелите за одговорно однесување со парите. Преку Халки сакаме да им дадеме на децата можност да имаат финансиска слобода, но и да ги научиме дека секоја слобода доаѓа со одговорност. Нашата цел не е само да понудиме производ, туку да придонесеме кон создавање генерации кои знаат да планираат, штедат и носат паметни финансиски одлуки“, велат од Халкбанк.

Платформата на Халки е конципирана како комплетен пакет услуги кои се прилагодени на потребите на децата и нивните родители. Дел од истата е и Халки картичката наменета за деца од 9 до 15 години, која претставува практична алатка преку која децата можат да ги направат своите први чекори во управувањето со пари, додека родителите преку своето м-банкарство, имаат целосен пристап, увид и контрола врз нивните финансиски активности. На овој начин, финансиската едукација станува дел од секојдневието, а учењето природен процес.

Халкбанк преку повеќе, различни активности работи на финансиска едукација на децата и младите. Банката го издаде првиот Буквар за финансиска писменост за деца, а организираше и повеќе креативни работилници преку кои децата учат за придобивките од штедењето. Со новата кампања „Прва финансиска лекција за деца“, Халкбанк уште еднаш ја потврди својата посветеност кон заедницата и вложувањето во идните генерации, креирајќи вредности што имаат долгорочно значење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk