logo
logo
logo

„До крајот на месецот очекуваме нови 60 км ФРОНТ и работа на три паралелни локации“

Vecer | 12.03.2025

„До крајот на месецот очекуваме нови 60 км ФРОНТ и работа на три паралелни локации“

-До крајот на месецот очекуваме нови 60 километри фронт и работа на три паралелни локации, а тоа е Гостивар-Бујојчани, Прилеп-Битола и Тетово-Гостивар. 60 километри фронт, решени имотно-правни односи, нешто што не можеше претходната Влада во рок од 2-3 години да го помисли, сега за неколку месеци е веќе решено, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

-Доброто е тоа што ќе се реализираат овие проекти и што граѓаните ќе можат да ги користат и на безбеден начин да комуницираат од еден во друг град. Нормално, тоа е добро и за туристичката сезона во Охрид и останатите туристички центри бидејќи на побрз начин туристите ќе можат да дојдат до туристичките места во државата, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk