logo
logo
logo

Што ќе прават Албанија, Косово, Црна Гора, Србија и БиХ е нивни проблем

НИЕ ДОГОВАРАМЕ ДОЛГОРОЧНИ РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИТЕ ВО ЕУ

Vecer | 13.03.2026

НИЕ ДОГОВАРАМЕ ДОЛГОРОЧНИ РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИТЕ ВО ЕУ

Решението за превозниците со системот за влез и излез во шенген зоната се движи во насока на издавање на долгорочни работни визи, коишто треба да значат регулиран престој на сите наши превозници кои влегуваат во Шенген зоната без разлика дали се работи за камионски превоз или автобуски превоз, изјави денеска од Кочани вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

-Швајцарија веќе издава такви визи за македонските превозници, Хрватска најави дека има законска процедура за усвојување на соодветен закон во хрватскиот Сабор, и работиме координирани со Министерството за надворешни работи и со Министерството за внатрешни работи, и во координација со премиерот  уште неколку држави да прогласат вакви визи за македонските превозници што ќе значи едно целосно решение на проблемот – рече Николоски.

Тој додаде дека редовно се одржуваат технички состаноци за решавање на проблемот и апелираше од овие разговори да не се прави естрада како што прават во регионот.

–  Апелирам да гледаме ние да си го решиме нашиот проблем, а што ќе прават Албанија, Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина е нивни проблем, и драго ми е што нашите превозници тоа го сфатија и што заеднички работиме на решенија за македонските превозници- рече Николоски.

Тој очекува до септември да биде донесено решение за проблемот иако системот ќе почне да се применува од април. За македонските превозници примената  ќе биде одложена до крај на септември.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk