logo
logo
logo

Пуштена новата фабрика на „Макрогрес“ од 8,5 милиони евра - Владата ќе направи сé да им помогне на извозните бизниси

Vecer | 08.06.2026

Пуштена новата фабрика на „Макрогрес“ од 8,5 милиони евра - Владата ќе направи сé да им помогне на извозните бизниси

Нова фабрика за производство на вафли од брендот „Винчини“, инвестиција од 8,5 милиони евра пушти во употреба денеска компанијата „Макпрогрес“, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски ја оцени компанијата „Макпрогрес“, сопственик на брендот „Винчини“, како еден од темелите на македонската кондиторска индустрија и пример за успешен развој на семеен бизнис во регионален гигант.

Тој посочи дека компанијата остварува промет од повеќе од 40 милиони евра и дека околу 80 проценти од вкупното производство е наменето за извоз.

„Макпрогрес“, како што истакна Мицкоски, преку сопствениот бренд „Винчини“, но и преку производство на приватни брендови, значаен дел од своето производство го пласира на странските пазари.

Премиерот им честиташе на сопственикот, и на сите вработени во компанијата, за кои наведе дека се околу 670, оценувајќи дека нивниот придонес е значаен за економијата и за македонската индустрија.

Мицкоски нагласи дека Владата ќе продолжи да поддржува ваков тип компании, особено оние кои се извозно ориентирани и создаваат додадена вредност.

„Ние како Влада ќе сториме сè да помогнеме и да бидеме додадена вредност во реализирањето на амбициите и целите на компанијата во следните пет години“, порача премиерот.

Тој изрази очекување дека во Македонија ќе има што повеќе вакви инвестиции.

Генералниот директор на „Винчини“ Глигор Цветанов  информираше дека инвестицијата од 8,5 милиони евра е од сопствени средства и кредити од комерцијалните банки  вклучително и дел кредити од унгарската  линија која ја обебзеди Владата.

– Покрај првичните 40 вработувања, од кои дел се од постојните вработени, а дел нови,  следната година се планирани уште 40 бидејќи ќе се  удвои капацитетот на прооизводство, најави Цветанов.

Објектот, како што рече, е изграден за шест месеци, а располага со две современи производни линии за производство на вафли и сродни кондиторски производи, наменети за домашниот и за странските пазари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk