logo
logo
logo

НЕМА ДА СЕ ЗГОЛЕМАТ КАПИТАЛНИТЕ РАСХОДИ ПОРАДИ БРИТАНСКИОТ КРЕДИТ

Vecer | 02.06.2025

НЕМА ДА СЕ ЗГОЛЕМАТ КАПИТАЛНИТЕ РАСХОДИ ПОРАДИ БРИТАНСКИОТ КРЕДИТ

Договорот со Британската влада нема да значи дополнително зголемување на капиталните расходи, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, запрашаа дали реализацијата на проектите кои ќе се финансираат со овие пари ќе влијаат на намалување на веќе планираните капитални проекти.

Министерката се повика на новиот начин на избор на приоритетни капитални расходи за инвестиции.

– Ние многу често имаме нафрлање желби од одредени институции дека сакаат да прават некаква реализација, но со Уредбата за јавни инвестиции која ја донесовме пред неколку месеци, јасно го пропишавме патот. Претходно беше кој како сака внесува во буџетот, расправии, па ни треба, не ни треба итн. Со Уредбата за јавни инвестиции патот е пропишан, тоа значи дека секоја институција треба да пушти известување со образложение до Министерството за финансии зошто е потребна таа инвестиција. Потоа има посебно тело во рамки на Влада кое ќе ги разгледа сите тие желби и намери за инвестиции и ќе одреди и предложи кои се приоритетите. На тој начин го менуваме начинот на кој носиме одлуки за инвестирање – објасни Димитриеска – Кочоска.

Таа појасни дека јавниот долг и буџетскиот дефицит растат поради потребата од подмирување на долговите.

-Буџетскиот дефицит и јавниот долг се зголемуваат кога имаме плаќање. Годишно имаме по најмалку 300 милиони евра долг за исплаќање. Таа е стара методологија и ние не излегуваме од неа. Зависно од тоа како ќе се реализираат проектите ќе планираме дали и колку ќе имаме можност да ги финансираме. Кога ќе дојде моментот склучување на Договор и имплементација ќе видиме дали ќе може да реализираме по 300-400 милиони евра годишно или ќе бидат помалку. Тоа ќе зависи од компанијата, од луѓето што ќе работат на терен – вели Димитриеска – Кочоска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk