logo
logo
logo

Дали и БМВ ЌЕ ПРОПАЃА КАКО ФОЛКСВАГЕН

Vecer | 09.11.2024

Дали и БМВ ЌЕ ПРОПАЃА КАКО ФОЛКСВАГЕН

Германскиот производител на автомобили БМВ објави пад на оперативната добивка од 61 отсто во третиот квартал од 2024 година поради слабата продажба во Кина и проблемите со системите за сопирање кај некои возила, што доведе до доцнење на испораките.

Истовремено, приходите на Бе-Ем-Ве се намалени за 15,7 отсто на годишно ниво на 32,4 милијарди евра. Аналитичарите очекуваа таа сума да биде околу 34,3 милијарди евра.

Во третиот квартал, оперативната профитна маржа за автомобилскиот сегмент од бизнисот беше само 2,3 отсто, се вели во извештајот.

Компанијата во септември соопшти дека проблемот со сопирачките погодил повеќе од 1,5 милиони автомобили и дека се очекува доцнење на испораката за околу 320.000 возила.

Извршниот директор на компанијата, Оливер Зипсе, рече дека по „екстремните предизвици во третиот квартал“ компанијата е на пат кон закрепнување и дека очекува да има подобар резултат во четвртиот квартал, како и да ги постигне своите годишни цели. Ројтерс.

Компанијата сè уште тврди дека на крајот на годината ќе оствари оперативна профитна маржа од шест до седум проценти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk