Од утре, во Дајмонд мол ќе завладее новогодишниот дух. Волшебното одбројување до Новата година ќе започне со продавницата на Дедо Мраз, каде најмладите ќе можат да си најдат подароци, новогодишни пакетчиња и најразлични новогодишни производи, а за оние кои сакаат да сонуваат, има и виртуелно патување до Северниот пол, домот на најсрдечната личност, која носи радост во детските срца – Дедо Мраз.
Во текот на викендите, празничната атмосфера ќе биде надополнета и со магичното огледало за фотографии со новогодишни сцени, додека дечињата кои биле послушни и добри во текот на целата година, можат преку апликација да испратат порака и да добијат диплома од Дедо Мраз.
На 6 декември ќе се одржи и креативна работилница за изработка на лампиони, каде најмладите ќе имаат можност да направат специјални лампиони заедно со Дедо Мраз. Вистинско изненадување за децата ќе биде промоцијата на новата книга на Биби и Боби, по што ќе следува караоке забава каде децата ќе можат да пеат и да се забавуваат со своите омилени ликови.
Во недела, на 7 декември, празничната магија продолжува со креативната работилница за изработка на капчиња од волница, а во соработка со издавачката куќа Литература, ќе се одржи и работилница со популарниот лик од истоимената книга, Исидора Мун.13 декември е резервиран за големото шоу со Петко и фамилијата 5+, како и за работилницата за изработка на украси од чоколадо со познатиот лик Роки од Винчини, кој ќе биде присутен и на 14 декември за да ги води децата во создавањето на најубави чоколадни креации.
Ова се само дел од изненадувањата за најмладите кои ќе се случуваат во празничниот амбиент во Дајмонд мол.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата