logo
logo
logo

ПРЕДЛОЖЕНО УКИНУВАЊЕ НА РОАМИНГОТ ЕУ – ЗАПАДЕН БАЛКАН, ќе видиме кога ќе го усвојат предлогот

Vecer | 25.02.2026

ПРЕДЛОЖЕНО УКИНУВАЊЕ НА РОАМИНГОТ ЕУ – ЗАПАДЕН БАЛКАН, ќе видиме кога ќе го усвојат предлогот

Европската комисија предложи отворање преговори со Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија за укинување на роамингот.

Со усвојувањето на предлогот за преговарачки мандати денеска, Комисијата бара од Советот одобрение за отворање преговори со земјите од Западен Балкан.

Откако Советот ќе ја усвои одлуката, Комисијата ќе преговара за билатерални договори со секој партнер поединечно.

Како што беше најавено, откако договорите ќе бидат финализирани и целосно усогласени со правилата за роаминг на ЕУ, нема да има дополнителни трошоци за роаминг за повици, СМС-пораки и користење на мобилни податоци при патување во земјите од ЕУ.

Ова ќе значи поврзување по домашни цени не само за граѓаните и деловните субјекти од Западен Балкан кои ја посетуваат ЕУ, туку и за патниците од ЕУ до земјите од Западен Балкан.

Информацијата ја објави и Марта Кос, европска комесарка за проширување која напиша на Икс дека роаминг трошоците се проблем низ целиот Западен Балкан.

„Неочекуваните сметки за време на патувањето се нешто што повеќе не го прифаќаме во ЕУ. Денес предложивме да започнеме преговори со цел да се прошири овој режим и на Западен Балкан“, напиша таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk