logo
logo
logo

Едукативен центар за развој на дигитални и инженерски вештини кај младите

ТИТАН УСЈЕ ОДБЕЛЕЖА 2 ГОДИНИ „ИНОВАТОРИУМ“

Vecer | 18.05.2026

ТИТАН УСЈЕ ОДБЕЛЕЖА 2 ГОДИНИ „ИНОВАТОРИУМ“

ТИТАН Усје денес го одбележа двегодишниот јубилеј на едукативниот центар „Иноваториум – Клуб на напредни знаења и вештини“, преку кој учениците од основните училишта стекнуваат практични знаења и вештини од областа на 3Д моделирањето, 3Д печатењето, роботиката и инженерството.

На завршниот настан од втората година од програмата за 3Д печатење присуствуваа повеќе од 500 ученици од осум основни училишта од Општина Аеродром, директорите на училиштата, професорите, претставници од Општина Аеродром, Технолошко Металуршкиот Факултет и партнери на проектот.

Обраќајќи се пред присутните, главниот извршен директор Константинос Николаоу истакна дека програмата претставува значајна инвестиција во знаењето, љубопитноста и потенцијалот на младите генерации.

На настанот пред присутните се обрати техничкиот директор Љупчо Дончев, коj истакна дека преку обуките за 3Д печатење во „Иноваториум“ , учениците имаа можност да се запознаат со 3Д печатење, роботика и основи на инженерство, но уште поважно – да учат преку истражување, експериментирање и создавање.

– Во ера на дигитализација, многу е важно на младите да им понудиме и можности за стекнување на дополнителни вештини и навики, покрај оние што ги добиваат во училиштата. Кога го формиравме „Иноваториумот“ нашата цел беше да креираме простор преку кој ќе поттикнеме поголема мотивација и градење на интерес кон СТЕМ науките кај учениците и основните училишта од овој дел на градот. Особено ни е драго што оваа година обуките ги проширивме и во Општина Аеродром, каде беа вклучени 524  ученици. Со програмата минатата година беа опфатени основните училишта од Општина Кисела Вода со учество на повеќе од 200 ученици. Ова е силна потврда дека младите имаат голема желба да учат, да истражуваат и да се запознаваат со современи технологии – истакна Љупчо Дончев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk