logo
logo
logo

Чифлиганец дојде до речиси 15 посто удел во Комерцијална банка

Vecer | 20.06.2021

Чифлиганец дојде до речиси 15 посто удел во Комерцијална банка

Правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт – Импорт Скопје преку системска блок трансакција се стекна со 48.837 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје.

Компанијата ,Адора Инженеринг” на Ванчо Чифлиганец која минатата година успеа да оствари профит од 181.8 милиони денари или приближно 3 милиони евра, продолжува да инвестира во банкарскиот сектор!

– Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт – Импорт Скопје преку системска блок трансакција се стекна со 48.837 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје. Правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје заедно со поврзаните лица поседува вкупно 341.860 обични акции, односно има учество од 14,9999% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје. – велат од банката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk