logo
logo
logo

ЦЕНИ ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ НА СТАНОВИ ВО РЕГИОНОТ: Каде е Скопје на листата

Vecer | 06.06.2022

ЦЕНИ ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ НА СТАНОВИ ВО РЕГИОНОТ: Каде е Скопје на листата

Ал Џезира Балканс ги спореди цените по квадратен метар станови, но и месечните цени за изнајмување во главните градови на регионот.

И покрај поскапувањето, побарувачката на недвижности постојано се зголемува, а на поскапувањето на новоградбите енормно влијае и поскапувањето особено на градежните материјали, пишува порталот.

Увидот во глобалната база на податоци Numbeo, заклучува дека изнајмувањето двособен стан во центарот на градот во просек е најскапо во Љубљана (651 евро), а најевтино во Скопје - 264 евра.

Загрепчани за двособен стан во центарот на градот во просек ќе потрошат по 498 евра, а надвор од центарот 374 евра.

Во центарот на Белград за истиот стан месечно се издвојуваат 456 евра, а за стан кој не е во центарот на градот 374 евра.

Корисниците на веб-страницата Numbeo од Подгорица велат дека за изнајмување на двособен стан во центарот на градот издвојуваат 339 евра, а надвор од центарот 239 евра.

Изнајмувањето стан во центарот на Сараево во просек чини 269 евра, надвор од центарот е 180 евра.

Во Скопје стан во центарот на градот чини во просек 264 евра, а надвор од центарот 188 евра.

Која е цената за метар квадратен?

Кога ќе се погледне цената на станот, повторно е најскапа Љубљана. Во центарот на градот, квадрат од двособен стан чини 4.277 евра.

Квадратен метар двособен стан во центарот на Загреб во просек чини 3.440 евра, во Белград 3.099 евра.

Во Сараево, пак, цената е нешто пониска - квадрат во центарот на градот во просек чини 1.838 евра.

Квадратен метар двособен стан во центарот на Подгорица чини 1.556 евра, во центарот на Скопје 1.461 евро.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk