logo
logo
logo

Божиновска: Рударите се ударни и клучни двигатели на домашната економија

Vecer | 28.08.2024

Божиновска: Рударите се ударни и клучни двигатели на домашната економија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска присуствуваше на одбележувањето на Денот на рударите во Пробиштип и во Македонска Каменица.

Како што информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, министерката Божиновска им го честиташе празникот на рударите и се осврна на значењето на работниците и на пристапот на Владата кон оваа стопанско-индустриска гранка.

– Особено се радувам и почестена сум што денеска имам можност, на најзначајниот ден за рударите, да се сретнам, да се соочам и да се запознам со ударните и клучни двигатели на една од најтешките и најризични професии во светот. Фактот што за првпат во Македонија е формирано Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, доволно говори за сериозноста со која Владата сака да пристапи кон ефективно подобрување на условите во оваа дејност, нагласила Божиновска.

Според Божиновска, инвестиции се потребни и нив во рударството треба да ги има.

– Но, важно е континуирано да се стремиме кон подобрување на условите за работа и инсистираме на целосна примена на стандардите за заштита и здравје при работа. Партнерството со приватниот сектор од индустријата е исклучително важно. Делење на исти стратешки цели, при што позицијата на вработените, модернизацијата на работните процеси и заштитата на животната средина ќе бидат приоритети кон сѐ што ќе работи ова министерство. Само на тој начин ќе бидеме на сигурната страна дека се стремиме кон позитивни промени во секоја смисла, истакнала Божиновска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk