logo
logo
logo

Бесплатна храна за вработените, ДА ИМ СЕ ПОМОГНЕ СО ТРОШОЦИТЕ, нудат фирми во Британија

Vecer | 02.09.2022

Бесплатна храна за вработените, ДА ИМ СЕ ПОМОГНЕ СО ТРОШОЦИТЕ, нудат фирми во Британија

Британските компании „Џон Луис“ и „Вејтроуз“ на своите вработени им нудат бесплатна храна од октомври до јануари, за да им помогнат во секојдневните трошоци. 

Оброците, во текот на работното време, се резервирани за постојано вработени, како и за привремени и агенциски работници, јавува Би-Би-Си. Зголемените трошоци за храна ја поттикнаа инфлацијата во ОК на 10,1 отсто, а цените продолжија да растат со најбрза стапка во повеќе од 40 години. 

Храната и безалкохолните пијалоци се главните показатели за поскапувањата во јули, соопшти Заводот за национална статистика. Најбрзо поскапеа лебот, житариците, млекото, сирењето и јајцата.  

– Некој кој работи четиричасовна смена може да избере еден оброк – појадок, ручек или вечера, во зависност од времето од денот – изјави портпаролот на „Џон Луис“, додавајќи дека личноста која работи осумчасовна смена има два оброка. 

Персоналот во поголемите продавници, централите и дистрибутивните центри ќе јаде во кантините, додека возачите на камиони однапред ќе нарачуваат спакувани ручеци. Оние кои работат во помали продавници ќе добијат салати или сендвичи. 

Оваа одлука доаѓа во време кога партнерството планира да вработи 10.000 привремени работници за потребите на празничната сезона. Во септември и октомври 4.000 лица ќе се вработат во синџирот супермаркети „Вејтроуз“ и уште 2.000 во продавниците за облека „Џон Луис“.  

Уште 4.000 луѓе ќе бидат вработени во магацини и на возачки позиции преку агенциите за вработување, рече портпаролот.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk